Лидерите на ЕУ разговараат за ограничување на цените на гасот

eu
eu

Лидерите на Европската Унија се подготвени да ги разгледаат сите можности за ограничување на цената на гасот за што се разговара со недели, а основа за тоа се низата заклучоци подготвени за состанокот што ќе се одржи на 20 и 21 октомври, пренесува „Ројтерс“.

Zito akcija 640x289px

Со недели нема напредок во ставовите на сите 27 членки на Европската Унија во однос на тоа дали и на кој начин треба да се ограничат цените на бензинот во обид да се скроти поскапувањето на енергентите пред доаѓањето на зимата во Европа. Целата ситуација ја влошува неизвесноста во врска со можноста за снабдување со руски гас, кризата поради зголемените трошоци за живот и можноста за влегување во рецесија.

Agria

Цените на бензинот вртоглаво пораснаа откога Русија го прекина снабдувањето со гас за Европа по нејзината инвазија на Украина, а ЕУ воведе санкции за Русите поради тој чин. Ова доведе до тоа многу земји членки на ЕУ да почнат да бараат ограничување на максималната цена на гасот, но тие не можае да се договорат како тоа да се направи, пренесуваат медиумите во регионот.

Според нив, некои земји, вклучително и Германија, која е најголемиот потрошувач на гас во Европа, сè уште се против. Нивниот став е дека ограничувањето на цената може да доведе до зголемена побарувачка за гас или да им оневозможи на земјите да привлечат доставувачи на гас од другите светски пазари.

Европската комисија во вторник треба да претстави пакет енергетски мерки за борба против кризата пред средбата на лидерите на Европската Унија. Неколку земји, кои се залагаат за ограничување на цената на гасот, изразија загриженост дека Комисијата нема да ги исполни нивните предлози, рече дипломат на ЕУ.

„Нетрпеливоста расте меѓу земјите членки. Затоа ние го вклучивме во голема брзина и ставивме сè што беше разговарано на маса. Тоа е начин да се изврши притисок врз Комисијата да излезе со најконкретни можни предлози“, изјавил дипломатот.

Последниот работен документ со заклучоци покажува дека лидерите би можеле да се договорат за „можен привремен динамичен ценовен коридор“ на природниот гас додека не се најде алтернатива.

Дипломатите велат дека може да се постигне консензус за цената на гасот што се користи за гориво на генераторите на енергија, познат како ибериски модел, но некои изразија загриженост за зголемената побарувачка на гас.

Тоа што документот подготвен за самитот содржи одредени нацрт-заклучоци не значи дека лидерите на ЕУ ќе се договорат за некој од нив, рече дипломатот, додавајќи дека идејата била да се осигури дека ниту едно од решенијата не е отфрлено пред средбата, според написите во медиумите.

Moжеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: