Притвор за велешанец кој се сомничи за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги

Veles fevruari 2022
Veles fevruari 2022

Обвинителството од Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против лице на возраст од 36 години, поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

Zito akcija 640x289px

Во својот дом во Велес, осомничениот неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана во количина од 84,07 грама, информираа од Обвинителството.

Agria

На 19 октомври тој на две лица им продал 35 грама од дрогата за вкупен износ од 10.000 денари.

Поради опасноста осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, како и да ја попречи истрагата со влијание врз сведоците, Основното јавно обвинителство Велес предложи да му биде определена мерка притвор. Судија на претходна постапка од Основен суд Велес го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: