Пијан велешанец сaкал да убие жена во полициска станица, одреден му е притвор

Policija oznaka
Policija oznaka

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 26-годишен велешанец, осомничен за кривично дело убиство

Zito akcija 640x289px

На 17 октомври, во полициска станица во Велес, тој се обидел да лиши од живот една жена која била повикана како сведок за претходен настан во населбата Речани, каде осомничениот кршел чаши во игротека. Под дејство на алкохол од 1,41 промили во крвта, осомничениот во полициската станица ја фатил за коса оштетената, ја повлекол и на вратот ѝ ставил нож кој го извадил од јакната.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Веднаш реагирале полициски службеници и други сведоци на настанот кои успеале да го совладаат, да му го одземат ножот и да го спречат во намерата да ја лиши од живот.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основен суд Велес достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот, па на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена​.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: