Кеги Моби рутинирано ги освои бодовите и ја забележа втора победа во првенсвото. Во спортската сала „Гемиџии“ ти го совладаа тимот на Форца 2015 со резултат 7:3.
Домашните уште од старт ја презедоа иницијативата и веќе во четвртота минута поведоа преку Левков. До 13 минута веќе беше 3:0. Гостите во следниот напад го намалија резултатот, но до крајот на првиот дел Кеги Моби го зголеми водството, на 4:1.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот дел домаќините го зголемија водството на 7:1 во 31 минута. По ова следуваше опуштање на фудбалерите на Кеги Моби, по што резултираше со два гола за гостите за конечни 7:3. Во следното коло Кеги Моби гостува во Кавадарци кај екипата на Црна Река.
Можеби ќе ве интересира: