Реклама

Анализа на пари: На кого пензијата му порасна за 4,000 денари, а кој доби само 700 денари со септемвриското покачување?

denari pari

Просечната пензија во септември со покачувањето се зголемила за 1,139 денари, односно од 16,376 денари колку што изнесуваше во август на 17,515 денари. Зголемувањето се должи на законските измени со кои од септември пензиите пораснаа за 6,8 проценти. Сепак, кој најмногу го почувствува бенефитот од зголемувањето на пензиите?

Zito akcija 640x289px

НАЈВИСОКИТЕ ПЕНЗИИ ДОБИЈА НАЈМНОГУ, НАЈНИСКИТЕ НАЈМАЛКУ

Agria

Највисоката пензија во државава со септемвриското покачување сега изнесува 64,392 денари. Во август пред зголемувањето на пензиите таа изнесувала 60,294 денари. Тоа пак значи дека корисниците на оваа пензија, а ги има 72-ца во земјава (69 се по основ старосна пензија, 3-ца е семејна пензија) во септември добиле зголемување од 4,098 денари.

Вкупно 215 пензионери со покачувањето на пензиите сега примаат пензии над 60,000 денари. Највисоката како што наведовме погоре е 64,392 денари, следуваат 63,732 денари (овие пензионери добиле покачување од 4,058 денари, а ги има 66) и 60,432 денари која ја примаат 77 пензионери.

Со зголемувањето на пензиите се поместила и границата кај максималните пензии. Во август максималните пензии почнувале од 41,724 денари до 60,294 денари. Од септември најниската од максималните пензии изнесувала 44,561 денар до 64,394 денари. Во септември бројот на пензионери кои примаат максимална пензија изнесувал 1,379.

АВГУСТ СЕПТЕМВРИЗГОЛЕМУВАЊЕ
41,724 44,5612,837
43,46546,4212,956
44,77847,8233,045
54,15657,8393,683
54,28957,9813,692
54,623 58,337 3,714
55,68559,4723,787
56,582 60,4303,848
59,674 63,7324,058
60,294 64,3944,098

НАЈНИСКАТА ПЕНЗИЈА СЕ ЗГОЛЕМИЛА ЗА 700 ДЕНАРИ

Колку добија, пак, најсиромашните пензионери чии пензии се вбројуваат во групата минимални пензии? Најниската пензија, според статистиката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во август месец пред зголемувањето била 10,276 денари. Во септември примателите на оваа пензија на сметка добиле 10,975 денари или зголемувањето изнесува 699 денари. Во земјава бројот на овие пензионери со најниска пензија изнесува 2,921.

Највисоката пензија во групата на минимални пензии во август била 13,172 денари, а во септември пораснала на 14,068 денари што пак е зголемување за 896 денари. Колку се офајдиле останатите?

Бројот на пензионери со минимални пензии во септември месец изнесувал 82,595 или секој четврти пензионер во земјава зема минимална пензија.

ЗГОЛЕМУВАЊЕ КАЈ МИНИМАЛНИТЕ ПЕНЗИИ

АВГУСТ СЕПТЕМВРИЗГОЛЕМУВАЊЕ
10,27610,975 699
10,791 11,525734
10,87411,613739
11,417 12,193776
11,469 12,249780
12,042 12,861 819
12,576 13,431 855
12,911 13,789878
13,17214,068896

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добија повисоки пензии за 6.8%, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година.

Новата Методологија предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50% пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика.

Усогласувањето ќе се врши два пати во годината, односно во март и септември, што значи ќе ги следи промените во двата индекси за усогласување.

Во септември месец се зголемил и бројот на пензионери во државата. Статистиката регистрирала 333,322 пензионери во септември месец, за разлика од август кога во државата се изброени 330,640 пен

Веста е преземена од порталот pari.com.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/33675/golema-policziska-akczija-vecherva-na-patarinata-kaj-otovicza-zapleneta-e-droga-vredna-nad-250-000-evra/