Бектеши: Очекувам веднаш да паднат цените на млечните производи

Во делот на млекото и млечните производи очекувам веднаш да има намалување на цените, посебно сега со новиот Закон за заштита на потрошувачите, информира вечерва министерот за економија, Крешник Бектеши.

Zito akcija 640x289px

Тој изјави дека во Секторот за трговија барал да извадат податоци за делот на цените кои се увезени во нашата земја.

Agria

-Во моментот кога ќе биде на сила одлуката од 1-ви декември, дополнително да има намалување во делот на млекото и млечните производи. Мислам дека таму има големи маржи, спротивно на тоа што е донесено како одлука на Владата. Веќе има насока Државниот пазарен инспекторат да влезе и да ги направи контролите, но се чекаше да помине Законот за заштита на потрошувачите. Вчера помина законот и веднаш ќе почне да постапува ДПИ, каде што ќе има и соодветни санкции. Завршени се сите обуки за инспекторите од ДПИ. Мислам дека од наредната недела ќе почнат да постапуваат согласното законско решение, рече Бектеши во емисијата „360“.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: