Само една минута ги делеше фудбалерите на Борец да го освојата првиот бод во првенството. Мердан Рамадани постигна гол во 92 минута од натпреварот за победа на Пехчево од 3:2. Велешани и по 11 кола остануваат на дното од табелата без освоен бод.
Домаќините поведоа преку Емил Скоко во 25 минута, додека во првата минута од продолжението на првото полувреме Рејан Абази го доведе Пехчево во водство од 2:0. Само што тргнаа од центар Борец со голот на Чичевски намали на 2:1. Во вториот дел велешани тргнаа на се или ништо, па со голот на Стефан Богдановски во 79 минута го израмнија резултатот на 2:2. Сепак во 92 минута домаќините преку Рамадани го освоија целиот плен.
Содржината продолжува под рекламата
Во следното коло во Велес гостува екипата на Каменица Саса, која се наоѓа на 14 позиција со освоени девет бода.
Можеби ќе ве интересира: