Кошаркарите на Борец Баскет забележаа убедлив пораз во салата „Билјанини извори“. во Охрид од истоиемената екипа со високи 101:75.
Домаќинот имаше целосна контрола на натпреварот, и победата на Охрид во ниту еден момент не беше доведена во прашање. Мечот го одбележа шутерското шоу на охриѓани кои постигнаа 16 тројки и имаа неколку атрактивни забивања.
Содржината продолжува под рекламата
Борец Баскет останува на дното на табелата и по четири одиграни кола има забележано исто толку порази. Во следното коло во Велес гостува екипата на Вардар.
Можеби ќе ве интересира: