На вонредна седница по повод инцидентот на денешниот натпревар Шкупи – Шкендија од 1/4 финалето од Купот на Македонија, Комисијата за натпреварување на ФФМ донесе одлука тимот на ФК Шкендија, службено со 3:0 да го добие натпреварот со ФК Шкупи.
Теренот на ФК Шкупи, стадионот во Чаир, се суспендира за одигрување на првенствени и куп натпревари. ФК Шкупи се предава на Дисциплинска комисија на ФФМ.
ФК Шкупи мора да пријави терен за одигрување на натпреварите како домаќин најмалку 100 километри оддалечен од стадионот Чаир во Скопје.
Инаку, дербито помеѓу Шкупи и Шкендија во Купот на Македонија траеше само десетина минути, откако гостите поведоа со 0-1, се случи голем инцидент.
Стрелецот Дашмир Елези се радуваше пред навивачите на Шкупи, кои тоа го сфатија како провокација па дојде до вистински хаос. Популарните „Шверцери“ влегоа на теренот и тргнаа да се пресметаат со гoстинските играчи, а фрлаа и тврди предмети и пиротехника.
Веднаш реагираа припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) кои спречија поголем инцидент и ги штитеа фудбалерите на Шкендија на патот кон соблекувалните.
Можеби ќе ве интересира: