Полициски службеници од Одделение за недозволена трговија при СВР Велес вчера ги лишиле од слобода М.Г.(25) и Т.П.(34), двајцата од Велес, откако при преглед кај нив, кај Т.П. бил пронајден и одземен хероин.
„На 09.11.2022 во 15.10 часот на ул.„Вера Циривири“ во Велес, полициски службеници од
СВР Велес ги лишиле од слобода М.Г.(25) и Т.П.(34), двајцата од Велес, затоа што при
преглед кај нив, кај Т.П. бил пронајден и одземен хероин“, соопштија од СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: