Кирил Ивановски: Ќе се потрудиме да го задржиме ритамот на победи и против Јувентус Серава

Juventus Serava Kegi Mobi

Викендов на програмата е седмото коло од Првата футсал лига на Македонија. Екипата на Кеги Моби гостува во Скопје, каде во салата во Чаир ќе силите ќе ги одмери со домаќинот Јувентус Серава.

Zito akcija 640x289px

„Второ од трите гостувања оваа сезона во скопски Чаир за нашиот тим но може да се каже според табелата и играчкиот кадар на екипите од тој дел на нашиот главен град гостуваме кај екипа по мерка за нас. Првото гостување во таа иста сала заврши за нас без бодови но со многу борба извлековме поука од тој натпревар дека не сме екипа која би се предала се до крајот на натпреварот и не сме екипа за која може да се каже дека лесно би не совладал секој во лигата. КМФ Кеги Моби годинава има до овој момент според нашите очекувања супер да не кажам одличен учинок со бодови кои доволно кажуваат за нас и нашите игри до сега. Со денешното гостување кај КМФ Јувентус Серава ќе се потрудиме да го задржиме ритамот на победи, да не го прекинеме тој синџир кој за нас делува супер на расположението во тимот и со максимален учинок од ова гостување можеме да кажеме дека патиките полека но сигурно ќе треба да ги врземе добро и затегнеме пред последните две кола каде на домашен терен што би рекол јас, Кирил Ивановски, на Сан Мамеш (сала “Гемиџии”) тешко е да се дојде до бодови освен ако противникот не бил пред тој натпревар во црква како КМФ Железарец во првото коло или сета среќа да им е наклонета на противниците на тој натпревар, тој натпревар дома се игра против екипата на КМФ Проект еден од моите бивши клубови каде можам да се пофалам дека сум дел од тој шампионски нивни тим и пехарот единствен во витрините на тој клуб е и од мој удел како играч, а после тоа со полна пареа одиме по трет пат во Скопје, трет пат во Чаир да ги мериме силите со ланскиот шампион во Првата македонска футсал лига и годинешниот претставник во Лигата на шампионите екипата на КМФ Шкупи каде во не така силен состав како лани можеме да изиграме добар футсал и пак одиме со онаа старата подобриот нека победи. Но да не се одалечуваме од темата што би било кад би било туку нашиот тим и фокусот се разбира колку што може да дозволи реалноста ни е утре да земеме доста значајни бодови против екипата на КМФ Јувентус и понатаму да имаме скоро па мирна зима. Нашиот кадар е спремен за утрешниот натпревар со малку измени во составот поради здравствениот билтен нема да сме комплет но поголемиот дел од тимот е тука за да издвои победа. Јасно е дека противникот ќе сака победа по секоја цена зошто за нив тие три бодови значат чекор поблиску и погоре до опстанок оваа година но ние како и по навика знаеме да ги замрсиме сметките на секого затоа што имаме одличен футсал играчки кадар и далеку од играчи за потценување во нашиот тим. Следете не, бидете во подршка со нас затоа што годинава играме добар футсал, како нашиот тим КМФ Кеги Моби со нашите спонзори Банана Кик, Атлантис и останатите ги претставуваме на спортското поле така го претставуваме и градот Велес каде мислам дека сме и единствени Прволигаши од сите спортови во Градот и заслужуваме повеќе внимание од медиумите и подршка од публиката. Заследете го нашиот против на instagram kmfkegimobi и добивајте информации за се што се случува во клубот пред и после натпревар. Останете во добро здравје сите верни читатели на Батали.нет и верни подржувачи на КМФ Кеги Моби Велес“ изјави Кирил Ивановски фудбалер на Кеги Моби.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Кеги Моби се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 12 освоени поени, додека домаќините Јивентус Серава е девети на табелата со само два освоени бода.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: