Вчера во Велес бил приведен Д.Т.(32) од Велес, бидејќи кај него биле пронајдени марихуана, амфетамин и две дигитални ваги а потоа при приведувањето, физички ги нападнал полициските службеници.
„На 17.11.2022 во 22.50 часот на Плоштад „Којник“ во Велес, полициски службеници од
СВР Велес го лишиле од слобода Д.Т.(32) од Велес затоа што кај него биле пронајдени и
одземени марихуана, амфетамин и две дигитални ваги. При лишувањето тој се обидел да
побегне и физички нападнал полициски службеник“, соопшти СВР Велес.
Содржината продолжува под рекламата
Тој бил задржан во Полициската станица Велес и по целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: