Пет лица се повредени во сообраќајката кај село Мартолци, општина Чашка.
„Во 19:15 часот во СВР Велес била пријавена сообраќајка, која вечерва се случи кај село Мартолци во Општина Чашка. Во сообраќајката има петмина повредени, возачите на двете возила и тројца сопатници од возилото „пежо“. Сообраќајката била меѓу возило „матиз“ со охридски регистрески таблички, управувано од 29-годишниот Н.К. од Општина Чашка и возило „пежо“ управувано од Н.Д. од село Богомила, информира за МИА Ристе Самарџиев“, портпарол на СВР Велес.
Од петмината повредени, тројца се транспортирани во Велешката општа болница.
„Сите тројца се вон животна опасност и поминале со полесни повреди, изјави д-р Елена Коцевска од Брза помош, која била на укажување на медицинска помош. Повреден е еден од возачите и еден совозач и едно лице кое седело назад во возилото „Пежо“. Едниот повреден е со контузија на натколеница и повреди на главата и посекотини. Останатите двајца се со повреди на главата и посекотини.
Портпаролот Самарџиев појасни дека увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Велес.
Извор: МИА
Можеби ќе ве интересира: