Сите тројца повредени се со лесни повреди без скршеници, но сепак се задржани на лекување во велешката Болница, информира за МИА д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на ЈЗУ Општа болница.
Таа појасни дека сите повредени биле снимани на компјутер и рендген. Еден од повредените има лесни повреди на глава и граден кош, а останатите двајца се со лесни повреди на глава и посекотини.
Според информацијата за МИА од СВР Велес сообраќајната несреќа меѓу двете возила кај село Мартолци била пријавена пред два дена во 19:15 часот во СВР Велес.
Во сообраќајката имаше петмина повредени, возачите на двете возила и тројца сопатници од возилото „пежо“. Сообраќајката била помеѓу „матиз“ со охридски регистрески таблички управувана од 29-годишниот Н.К од Општина Чашка и „пежо“ управувано од Н.Д од село Богомила, информира за МИА портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.
Од СВР Велес како што рече Самарџиев, увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Велес.
Извор: Миа
Moжеби ќе ве интересира: