Фудбалерките на Борец конечно го скршија мразот, и по седум последователни порази без ниту еден постигнат гол, денес на стадионот „Зоран Паунов“ во Велес ја остварија првата победа во првенството.
Со двата гола на Џинита Кицара и еден гол на Сара Јовевска, велешанки го побидија составот на Кочани со 3:1, и ги освоија првите бодови во првенството.
Содржината продолжува под рекламата
Велешанки остануваат да ги одиграат натпреварите против конкурентот за опстанок екипата на Речица и актуелниот шампион Љуботен до крајот на есенскиот дел од шампионатот.
Можеби ќе ве интересира: