Реклама

(ВИДЕО) Тоа што го гледаме на небото деновиве се сателитите за интернет на Илон Маск

sateliti Ilon Mask

Сателитскиот воз кој синоќа можеше да се забележи над повеќе градови во земјава, ги преплаши Македонците, па многумина кои успеале да го фотографираат, ги објавуваа фотографиите на социјалните мрежи, со што започна лавина од претпоставки и теории на заговор.

Zito akcija 640x289px

Најчестите коментари беа дека станува збор за светски заговор, прскање со корона, зрачење со 5Г, па дури и се одеше во крајности дека се подготвува напад од страна на вонземјани. Ова не е прв пат сателитскиот воз да се забележи над нашето небо. Ист случај имаше и во јануари, кога скопјанец објави снимка со необични светла на небото, кои се движат во низа, по што исто така се ,,редеа” разни приказни за НЛО и заговори против цивилизацијата.

Agria

Сепак, сателитскиот воз не е необична појава и веќе жителите на многу други земји свикнаа да го гледаат. Станува збор за сателитското соѕвездие кое го изгради компанијата SpaceX, со цел да обезбеди сателитски пристап до интернет. Соѕвездието се состои од повеќе мали сателити во ниската орбита на земјата, кои работат во комбинација со копнени предаватели. Проектот изнесува 10 билиони американски долари, и започна во мај 2015 година, а во февруари 2018 година веќе беа лансирани првите два тест летови на сателитски прототипи.

Второто лансирање се случи на 24-ти мај 2019 година, кога 60 оперативни сателити беа лансирани. Компанијата SpaceX планира лансирање на 12.000 сателити во иднина, а голем број од нив ќе бидат видливи со голо око. И додека во повеќето земји луѓето уживаат во глетката на сателитскиот воз, кај нас неговата појава предизвика паника и ги поттикна приказните за црни сценарија од непознати сили.

Минатата недела пак, снимка од лентикуларис над Куманово, облак кој по својата форма наликува на летечка чинија, а се јавува над планини во случај на стабилна атмосфера, кога ветерот во понискиот слој го присилува воздухот на вертикално движење нагоре по падината на планинската пречка, исто така предизвика паника, но и обвинувања дека прскал со корона вирус врз градот.

Скопското астрономско друштво сподели спектакуларно видео со мало објаснување кое има за цел да ги едуцира сите оние кои веруваат во теориите на заговор:

„Вечерва успеавме да го фатиме прелетот на новата класа на телекомуникациски сателити наречени „Старлинк“, од компанијата СпејсИкс (SpaceX). Овие сателити се лансираат по 60 одеднаш, и до сега се лансирани 5 ракети со по 60 сателити. Во план е во иднина да бидат лансирани 12 000 само во првиот налет, а потоа тој број ќе се мултиплицира многукратно, така што можеби во иднина ќе гледате многу повеќе сателити, отколку ѕвезди. Овие сателити одат по небото како воз, во ред еден зад друг, па добивме многу повици и пораки со молба да им разјасниме на луѓето што е тоа што го гледаат на небото. Се надевам дека со ова делумно, или целосно, ќе им ја разјасниме мистеријата“, напишаа од Скопското астрономско друштво на нивниот фејсбук профил.

Извори: fokus.mk и slobodenpecat.mk