Патничкиот воз кој од Скопје тргнал во 14.30 часот накај Битола сѐ уште не е стигнат, а како што дознаваме причина за запрениот сообраќај е расипан товарен воз во близина на село Слепче кој е останат на пругата, пренесува Plusinfo.mk.
Како што дознаваме возот е запрен во Богомила, бидејќи во Слепче има расипан товарен воз, поради кој е блокирана пругата и патничкиот воз не може да помине, па затоа патниците се заглавени со часови на железничката станица.
Патниците на социјалните мрежи споделуваат дека никој не ги известува за што точно станува збор, како што велат одвреме навреме кондуктерот им велел дека можеби до полноќ или во утринските часови возот ќе пристигне на својата дестинација. Тие додаваат дека од страна на Македонски железници не им бил организиран каков било превоз, па тие се оставени да чекаат со часови да се ослободи пругата.
Можеби ќе ве интересира: