Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Во раните утрински часови во источните делови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне на повеќе места ќе има сончеви периоди.
Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Утре ќе дува засилен до силен ветер од југоисточен правец, а кон крајот на денот и во среда претпладне се очекуваат нови врнежи од дожд. Од четврток ќе преовладува променливо облачно време со подолги сончеви периоди.
Можеби ќе ве интересира: