22-годишен велосипедист е тешко повреден откако во него удрил 47-годишен возач од Велес.
На 22.11.2022 околу 19.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Велес, патничко возило „сеат леон“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(47) од Велес, удрило во велосипед управуван од Х.У.(22) од Велес, соопштија од полицијата.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општа болница Велес. По овластување од Јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Moжеби ќе ве интересира: