Полициски службеници на ОВР Кавадарци извршиле службен разговор со Д.И.(26) од село Возарци, кавадаречко. Тој се сомничи дека на 23.11.2022 околу 21.30 часот, додека бил на гости кај 48-годишен маж од село Возарци, одзел паричник со 65.000 денари и лични документи.
Дел од одземените пари и документи биле пронајдени вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе следи соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: