Реклама

Дечко од Сомалија, дал отказ за да патува низ светот и останал во Македонија

Turist od Somalija

„Еден пријател ме поздравува и ми вели: ‘Кај си бе брат да те е*ам’. Кога проверив на Гугл што значи изразот останав збунет, зошто така се поздравувате?“ – вели Мустафа Ахмед, момчето кое се вљуби во нашата земја, а редовно споделува видеа кои ја пробува македонската храна, но се шегува и за некои наши изрази, пишува порталот crnobelo.com.

Zito akcija 640x289px

Мустафа Ахмед е момчето чиишто видеа од Македонија деновиве редовно се споделуваат на социјалните мрежи. Посетил над 30 земји, но подолго време престојува и се враќа враќа во нашата земја, а овие денови редовно патува низ македонските градови и населби и објавува забавни видео содржини.

Agria

„Еве ги повторно балканските изрази што не можам да ги разберам. Значи се возам и си ја гледам работата и една стара жена поминува покрај мене, ме гледа и ми вели: ‘Да те се**ат кокошките!’. Кога проверив на Гугл што ми рекла останав збунет. Катастрофа!!!“ – вели тој во видеото.

Што знаеме за момчето што редовно споделува забавни видеа од нашата земја?

Мустафа Ахмед (29) е по потекло од Сомалија, но пораснал во Норвешка. Во 2020-та година за време на пандемијата тој одлучил да даде отказ на работното место и да почне да изучува Frontend Development.

Потоа отворил сопствена компанија за консулатиции во ИКТ секторот и сега работи додека патува.

Прво патување на Балканот му било во Хрватска, но не му се допаднало тоа што имало премногу туристи, по што одлучил да ја посети Србија, а потоа и Косово, Македонија и Албанија.

„Сум бил насекаде на светот, но ниту едно место не успеа да ми го освои срцето како Балканот. Иако секоја балканска земја што сум ја посетил ми покажа љубов на поинаков начин, би рекол дека најубаво се чувствував за време на посетата на Македонија“ – изјави Мустафа.

Тој минатата година престојуваше 3 месеци во Македонија, но по краткото патување низ повеќе други земји, Мустафа повторно одлучи да се врати во Скопје.

„Македонија ме воодушеви и секогаш ќе биде дел од мене“ – вели тој, а љубовта кон нашата земја го натерала да објавува видеа на Инстаграм и на ТикТок каде редовно ги споделува сопствените искуства со македонската храна, но и посебно внимание обрнува на македонскиот хумор.

За време на престојот во Македонија, Мустафа ги посетил и Битола, Прилеп, Крушево и Струмица, а за Драчево вели дека има најдобар кромид.

Тој планира да остане на Балканот до крајот на годинава, а во 2023-та година ќе ги посети Грузија, Азербејџан и Ерменија.

Во продолжение погледнете како изгледа нашето секојдневие низ призмата на некој што е дојден од друга земја:

Извор на веста: crnobelo.com

Можеби ќе ве интересира: