Мадридска „Марка“ во своето денешно издание објавува дека Кристијано Роналдо веќе го има новиот клуб каде ќе ја продолжи својата кариера, а се работи за саудискиот Ал Наср!
Португалецот, кој по контроверзното интервју беше избркан од Манчестер јунајтед среде сезона, во Саудиска Арабија би заработувал 200 милиони евра по сезона, што е убедливо најголем договор во историјата на фудбалот. Саудијците му подготвиле договор на две и пол години соработка.
„Роналдо нема избор. Ниту еден европски тим не може финансиски да се доближи до Ал Наср, а не можат ниту МЛС-клубовите од САД. Затоа ова е клубот каде сосема извесно ќе ја продолжи кариерата“ – пишува „Марка“, медиум кој е близок на агентот на Роналдо, Жорге Мендес.
„Марка“ наведува дека Роналдо веќе се согласил на понудата од Ал Наср, клуб кој е од Ријад, а го води поранешниот тренер на Рома, Руди Гарсија. Најголеми ѕвезди во тимот се голманот Оспина и поранешниот играч на Вилјареал, Алваро Гонзалез.
Можеби ќе ве интересира: