Снабдувачот со електрична енергија РЕС (Renewаble Energy Supply), располага со сопствени електрани на обновливи извори во Македонија и во Бугарија, што овозможува неговата понуда на енергија да биде со најповолни услови на македонскиот пазар, соопштува компанијата.
РЕС единствен на пазарот нуди фиксни цени на електричната енергија, бидејќи компанијата ја користи енергијата и од производните капацитети на нејзините основачи.Едниот основач, македонската компанија Централ инвест и нејзината сестра фирма Феро инвест, имаат електрани со вкупен инсталиран капацитет од 35 MW, вториот основач, бугарската компанија КЕР токи пауер, има сопствено производство од обновливи извори во Бугарија од 90 MW и договори со други производители во својата балансна група со инсталиран капацитет од над 400 MW, а РЕС има склучено и договори за откупување на енергија со 80 други приватни производители во земјата (кои поседуваат хидро централи, фотоволтаични централи и био гасни централи), со вкупна инсталирана моќност од околу 55 MW.
Електричната енергија од сите наведени обновливи извори им овозможува на клиентите на РЕС стабилно и сигурно снабдување по конкурентни цени и ја намалува зависноста од увозната компонента и цените на електрична енергија по берзански цени.
Заедно со фактот дека РЕС располага со квалитетен и стручен кадар и поседува најдобар софтвер за балансирање, што овозможува намалување на трошоците, РЕС е во можност да даде најдобра понуда кон клиентите за снабдување со електрична енергија, при што самите клиенти можат да изберат дали намногу им одговара целосно снабдување по фиксни цени, снабдување по слободни берзански цени или комбинации на овие модели.
Можеби ќе ве интересира: