EУ денеска го потврди приемот на Хрватска во Шенген зоната, соопштија хрватските претставници на блокот.
„Последниот чекор е завршен! Усвоена одлуката на Советот . Сега е официјално потврдено дека Хрватска се приклучува на Шенген зоната од 1 јануари 2023 година“, се вели во твитот на постојаното претставништво на Хрватска во ЕУ.
За одлуката беше потребна согласност од сите земји на ЕУ кои се членки на Шенген зоната, додека четирите надворешни членки кои се надвор од блокот не одлучуваат за тоа. Шенген зоната моментално вклучува 22 од 27-те земји-членки на ЕУ, како и Швајцарија, Норвешка, Лихтенштајн и Исланд кои не се членки на ЕУ.
Можеби ќе ве интересира: