Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од вечерва по полноќ ќе се намалат цените на нафтените деривати. Дизел горивото ќе поевтини за 5 денари за литар, бензинот од 98 октани за 4 денари, за 3,5 денари по литар ќе се намали цената на безнинот од 95 октани.
Нафтата за домаќинствата ќе поевтини за 4,50 денари за литар, додека цената кај Мазутот М-1 НС оди надолу за 2,115 ден за килограм.
Содржината продолжува под рекламата
Согласно новата одлука, Еуросупер БС-95 ќе се продава по цена од 77,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 79,5 денари за литар. Цената на дизелот ќе биде 79,5 денари за литар. Новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 77 денари за литар, а мазутот ќе се продава по цена од 40,056 денар за килограм.
Можеби ќе ве интересира: