Денешните пријави за подметнати бомби во трговските центри, неколку скопски училишта, Железничката станица Скопје, Транспортниот центар, станбено-деловниот комплекс „Флатирон“, како и полициската станица Центар се лажни, потврдија од МВР.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, соопштија од МВР.
Содржината продолжува под рекламата
Пред два дена, исто така беа пријавени лажни дојави за бомби во девет средни училишта во Скопје, но и во Народната банка на Република Северна Македонија. Од 26 октомври годинава па сѐ до денес, ова е по дванаесетти пат да се пријавуваат дојави за бомби, а досега беше утврдено дека сите дојави се лажни.
Можеби ќе ве интересира: