Возбудливо реми 5:5 извлече велешкиот футсал тим Кеги Моби вчера на гостувањето во Струга кај екипата на Енхалон. За велешани ова беше трето реми во првенството.
Домаќините со двата погодоци на Мишо Ѓорѓиески имаа водство од 2:0, но со головите на Иван Николовски и Кирил Ивановски на полувреме се отиде со резултат 2:2. Стружани имаа водство и од 4:2 и 5:3, но гостите со головите на Филип Крстевски, Зоран Трајков и вториот погодок на Иван Николовски се враќаат во Велес со бод за конечни 5:5.
Содржината продолжува под рекламата
Во наредното коло во Велес гостува актуелниот освојувач на Купот на Македонија екипата на Арбен Бајрами.
Можеби ќе ве интересира: