Фудбалерите на Борец доживеааја уште еден висок пораз во првенството, овојпат од аспирантот за влез во Првата лига составот на Воска на калливиот терен во Охрид со резултат 6:0. Со овој пораз велешани ја заокружија најнеуспешната полусезона во историјата на клубот.
Бехар Фета, Илас Чилафи, Вахид Мурати, Џемил Јахји беа стрелци во првото полувреме и го најавија убедливото издание. Во вториот дел Бехар Фета и Вахид Мурати на своето конто додаоа уште по еден погодок за конечни 6:0.
Борец е закован на дното на табелата во второлигашката конкуренција без ниту еден освоен бод и со негативна гол разлика од минус 48 голови. Велешката фудбалка јавност се надева дека ќе дувнат подобри ветрови во клубот и со подобра организација да го зачуваат второлигашкиот статус.
Можеби ќе ве интересира: