Лошите временски услови вчера ја прекинаа потрагата по лицето кое скокна во водите на Врадар, потрагата треба да продолжи денеска

maz skokna vo Vardar
maz skokna vo Vardar

Тимот нуркачи на МВР од Специјалната антитерористичка единица Тигар поради неповолните временските услови вчера ја прекина потрагата по лицето кое вчера наутро скокна во водите на реката Вардар.

Дваесетина лица од повеќе спасувачки служби учествувале во потрагата по давеникот при што е пребарен текот на Вардар од Ново Лисиче до Долно Лисиче.

Agria

Спасувачките служби со чамци го пребарувале текот на реката, а неколку екипи брегот на Вардар. Нуркачки екипи пак ги пребарувале недостапните и длабоки места на Вардар.

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), потрагата ќе продолжи утринава заедно со тимови на Црвениот крст и Дирекцијата за заштита и спасување.

Вчера во 6 часот на 112 во Центарот за управување со кризи е добиено известување дека непознато лице од мостот „Близнак” на булевар „Србија” се фрлило во речното корито на Вардар.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: