За сторена крупна професионална грешка, Судскиот совет на затворена седница денеска ја разрешил од функцијата судијката од Основниот суд Велес Наташа Мишева, објави порталот Сакам да кажам. Судскиот совет не потврдува имиња, потсетува дека постапката е тајна, а судиите за кои се изгласуваат дисциплински и мерки за разрешување, имаат право на жалба на начинот на кој била водена постапката. Ќе кажеле имиња кога одлуката ќе биде правосилна.
Порталот објавува неофицијално дека Судскиот совет требало да расправа и за одговорност на апелациониот судија Изет Исмаили од Гостивар. Но, за него Советот ќе се изјасни на наредните седници. Извештајот од комисијата не бил целосен, предметот за Исмаили бил вратен на доработка.
Содржината продолжува под рекламата
Но, бурата од незадоволство на дел од членовите на Советот по истава оваа точка, била во петокот, кога за врховниот судија Наќе Георгиев од Струмица, мнозинството гласало да му биде продолжена постапката и неговиот предмет да оди на седница за разрешување. Неофицијално, поради неговата постапка за разрешување, поранешен висок функционер му се заканил на целиот Судски совет.
Советот изгласал да се прекине постапката за претседателката на Врховниот суд Беса Адеми и да се отфрли како неоснована.
Можеби ќе ве интересира: