Секторот за внатрешни работи Велес информираше дека вчера полициски службеници го лишиле од слобода З.Ј.(41) од велешко село затоа што физички ја нападнал неговата поранешна 39-годишна сопруга.
„На 13.12.2022, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода З.Ј.(41) од велешко село затоа што физички ја нападнал неговата поранешна 39-годишна сопруга“, стои во соопштението на СВР Велес.
Текстот продолжува под рекламата
Лицето е приведено во полициската станица во Велес и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Можеби ќе ве интересира: