„Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат“; „Нашите очи се вперени на премиерот на Северна Македонија и неговата партија“, се дел од заканите во пораката
Закани дека ќе бидат убиени невини луѓе, но и дека ќе биде срушена „северномакедонската влада“, може да се прочитаат во содржината на електронската порака со дојава за бомба која утрово пристигнала во девет основни и едно средно училиште во Куманово.
Содржината ја објави порталот „Кумановски муабети“ и во неа директно се споменуваат премиерот и неговата партија.
„Нема да се криеме. Убиства се потребни. Ние ќе убиеме. Потребно е уништување. Ние ќе уништиме. Жал ни е за тоа што невини луѓе мораат да страдаат. Не постои друг начин. Ќе ја срушиме северномакедонската влада. Нашите очи се вперени на премиерот на Северна Македонија и неговата партија. Ќе ги убиеме сите“,стои во електронската порака што ја објави „Кумановски муабети“. Од објавеното може да се види дека пораката е испратена од електронската адреса [email protected], а нејзиниот наслов бил „Експлозивен уред е поставен во училиштето“.
Текстот на „Кумановски муабети“ и фотографија од пораката можете да погледнете ТУКА.
Советот за координација на разузнавачките служби ќе ја разгледува ситуацијата со дојавите за бомби, најави Спасовски.
Извор на веста Libertas
Можеби ќе ве интересира: