Фудбалскиот тренер и поранешен фудбалер Синиша Михајловиќ почина на 53 години од леукемија, потврди семејството за италијанските медиуми. Михајловиќ беше југословенски ререзентативец и дел од тимот на Цевена звезда кој освои ја осовои титулата на Лига на шампиони, во кој играше и македонската фудбалска ѕвезда Дарко Панчев.
Михајловиќ играше за Борово, Војводина, Црвена звезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер, беше тренер на Србија, а како тренер ги водеше Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан, Торино, Спортинг од Лисабон и Болоња. Кариерата како фудбалер ја започна во својата татковина, во тогашна Југославија. Роден е во Вуковар, а израснал во блиското Борово, каде ги направил првите чекори како играч. Се пензионираше во 2006.
Тренерската кариера ја започна како помошник на Роберто Манчини во Интер. Потоа се пресели во Болоња, која му беше прва и последна тренерска позиција.
Можеби ќе ве интересира: