Тројца велешани се приведени кај наплатна станица Сопот. Тие приближувајќи се кон наплатната станица од возило во кое се превезувале исфрлиле три пакувања со бела прашкаста материја.
„На 16.12.2022 во 17.50 часот на автопатот Скопје – Велес, кај наплатна станица Сопот, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода К.Д.(25), Р.У.(24) и Џ.А.(24), сите од Велес. Тие, додека се приближувале кон наплатната станица, од возилото „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, во кое се превезувале, исфрлиле три пакувања со бела прашкаста материја, која подоцна била пронајдена и одземена“, соопшти МВР.
Текстот продолжува под рекламата
По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира: