Велешанец прегази 11 годишно дете заедно со нејзината мајка и побегнал. 11 годишното девојче загинало, а неговата мајка е тешко повредена.
Сообраќајката се случила вечерва во близина на училиштето Васил Главинов во Велес, на пешачки премин, во близина на сендвичарницата Круг.
Наша екипа беше на местото на несреќата, каде што во тек е увидот кој го врши јавен обвинител, заедно со полицијата.
Неофицијално дознаваме дека возачот е се уште во бегство, но полицијата на местото на несреќата пронашла регистарски табличка и веќе го знае идентитетот на сопственикот на возилото, кое го усмртило девојчето, а тешко ја повредило неговата мајка.
Повеќе информации се очекуваат утре.
Можеби ќе ве интересира: