Ракометниот клуб Бисинов Фруитленд ја забележа втората победа во Првата лига, откако на свој терен славеше против тимот на Овче Поле, со резултат 26:25.
Иако домашниот состав подобро отвори и имаше постојана предност, со серија од 3:0, гостите се вратија резултатски и отидоа на одмор со гол предност. Во вториот дел продолжи неизвесноста, а во самиот финиш поприсебни беа ракометарите на Бисинов Фруитленд и ја забележаа втората победа во првенството.
Текстот продолжува под рекламата
Најефикасни кај велешани беа Александар Ристовски со шест и Мартин Иванов со пет гола. Во составот на Овче Поле се истакнаа Игор Павловски и Дамјан Тодосовски со пет, односно четири погодоци.
Можеби ќе ве интересира: