Реклама

Адиловиќ: Цел ни е со три бода да го завршиме првиот дел од сезоната

Adil Adilovik Kegi Mobi

Футсал тимот на Кеги Моби денес од 18:00 часот со гостувањето во Слупчани кај екипата на Форца 2015, ќе го одигра последниот натпревар од есенскиот дел во сезоната од Првата македонска футсал лига.

Zito akcija 640x289px

Нескриени се посакувањата во таборот на велешани со победа да се заокружи првиот дел од шампионатот. Адил Адиловиќ нагласува пред мечот дека огромен е мотив кај сите во тимот да се дојде до победата.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

„Навистина желбите се со три бода да ја завршиме полусезоната. Но, знаеме дека за да дојдеме до тоа ќе треба да се даде единствено максимумот, со фокус на квалитетот на нашата игра. На денешниот дуел секако ќе играме за триумф со кој би биле во горниот дел од табелата“, рече Адиловиќ.

Вчера веќе се одигра еден натпревар од ова последно есенско коло. Јувентус Серава на домашен терен го совлада составот на Железарец со резултат од 3:2. Останатите натпревари се играат денес.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/35030/soobrakajot-na-drzhavnite-patishta-se-odviva-po-pretezhno-suvi-kolovozi-2/