Вчера во Неготино се одржа четвртото издание на меморијалниот турнир „Илија Ѓорѓиев Манџата“ со учество на четири екипи од Македонија. Трофејот го освоија домаќините, Вардар Неготино откако во финалето го совладаа прволигашот Шампион со 25-19.
Третото место го освои велешкиот прволигаш Бисинов Фруит Ленд кој беше подобар од кадетскиот тим на Тиквеш со 22-16. Илиев со пет гола се истакана кај велешани. Претходно во полуфиналните дуели Шампион го совлада кадетскиот тим на Тиквеш со 24-16, додека Вардар Неготино беше поуспешен од Бисинов Фруит Ленд со 21-19.
Содржината продолжува под рекламата
За најдобар голман на турнирот беше прогласен Даниел Ацев од Вардар Неготино, додека МВП односно најкорисен играч беше Ѓорѓи Орешков од домашниот тим. Сите екипи добија признанија и пехари од градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов и претседателот на Вардар Неготино, Ристо Трајковски.
Во склоп на турнирот се одигра ревијален натпревар меѓу репрезентацијата на Македонија ветерани и ветерани на РК Повардарие.
Можеби ќе ве интересира: