Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 % во однос на одлуката од 19.12.2022 година.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,360 ден/кг и сега ќе изнесува 40,593 ден/кг.
Содржината продолжува под рекламата
Од 27.12.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,50 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,00 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 78,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 40,593 (денари/килограм).
Можеби ќе ве интересира: