Сообраќајна несреќа се случи утрово околу 08.30 на влезот во Велес, на крстосницата кај отпадот Дине. Во неа учествуваа две возила, Мерцедес со велешки и Шкода со скопски регистарски таблички. Иако возилата се многу оштетени, за среќа возачите поминале со полесни повреди.
„Повредени се две лица, еден велешанец и еден скопјанец. И двајцата имаат полесни повреди на рамо, глава и дланки. Дадена им е прва помош и веднаш се префрлени на понатамошно лекување во велешката болница“, рече д-р Сања Мишева – дежурен лекар од Итната медицинска помош.
Полицијата во моментов е на терен и врши увид, по што ќе се знаат причините за несреќата.
Можеби ќе ве интересира: