Поевтина струја за штедливите домаќинства и за малите фирми

Smetka za struja
Smetka za struja

Струјата за домаќинствата во првиот и во вториот блок од 1 јануари се намалува, а се зголемува  во третиот и четвртиот блок. Намалување има и на цената за малите потрошувачи, соопшти денеска на прес-конференција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

Zito akcija 640x289px

Цената на електрична енергија кај домаќинствата за прв блок се намалува за 4,11 проценти, за втор блок за 2,95 проценти, на третиот блок се корегира и се зголемува за 0,85 проценти, а за четвртиот се зголемува за 7,65 проценти.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во новата цена на струјата од 1 јануари е пресметано и зголемувањето на ДДВ-то од 5 на 10 проценти.

Вкупната цена за електрична енергија на малите потрошувачи од 1 јануари се намалува за 20,15 проценти. Таа цена ќе се применува за 70.000 компании во државата кои во изминатиот период се соочуваа со зголемени трошоци. Тоа се мали и микро компании, мали дуќани фризерници, берберници, мали кафулиња, рече Бислимоски.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: