Избран е најдобриот судија на Мундијалот во Катар

Daniele Orsato najdobar sudija
Daniele Orsato najdobar sudija

Италијанскиот судија Даниеле Орсато е прогласен за најдобар судија на Светското првенство во Катар. Тој го презеде признанието од Аргентинецот Нестор Пинтана, кој беше најдобар на Мундијалот во Русија во 2018 година.

Zito akcija 640x289px

Орсато судеше три натпревари на Светското првенство. Италијанецот ја имаше честа да биде главен судија на отворањето на првенството кога домаќинот Катар беше поразен со 0:2 од Еквадор. Истиот резултат беше и на натпреварот од групната фаза меѓу Аргентина и Мексико кога правдата ја делеше и Орсато.

Agria

Последниот меч на Орсато на Мундијалот беше полуфиналето меѓу Аргентина и Хрватска, „гаучосите“ беа убедливи, победија со 3:0 и се пласираа во големото финале, каде по изведувањето на пенали ги совладаа Французите и ја освоија титулата.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: