Светот остана без најголемиот фудбалски Бог во својата историја – легендарниот Едсон Арантес до Насименто – Пеле!
Како што пренесоа сите бразилски медиуми Пеле почина попладнево во болницата во Сао Паоло на 82-годишна возраст не успевајќи да ја добие битката со ракот на дебелото црево кој го лечеше од 2021 година.
Смртта ја потврди и неговиот агент Џо Фрага.
Откако во 1970 година, со Бразил ја освои третата титула светски првак, ФИФА реши само за Пеле да го изработи трофејот на Жил Риме. Овој трофеј се очекува да достигне цена од околу еден милиони долари.
Златните медали од трите светски првенства се проценуваат на 200.000 долари, а топката со која го постигнал својот илјадити гол на 50.000 долари
Можеби ќе ве интересира: