На 31.12.2022 во 02:00 часот во СВР Велес Д.М.(61) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечила неговата сестра М.К.(55) од с.Сојаклари–велешко.
Од Центарот за управување со кризи Велес велат декa синоќа во 00.35 часот женско лице од село Сујаклари од Велес се фрлило од мало мовче во Вардар. Полицијата и екипа на противпожарната едниница веднаш почнале со потрага по женскјото лице кое сеуште не е пронајдено.
Од утринава потрагата продолжила, при што се вклучени шест пожарникари од ТППЕ Велес и девет полицајци од СВР Велес. Екипите го пребаруваат теренот низводно до вливот на реката Бабуна во реката Вардар.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Можеби ќе ве интересира: