Пред два дена во Полициската станица Велес било пријавено дека во и пред викенд куќа на место викано „Бабуна“, велешко, по претходна расправија, 65 годишниот Р.Н со ловечки карабин „Црвена Застава M – 70“ калибар 8×57, му упатувал закани на неговиот син на возраст од 29 година и неговата 25 годишна снаа, пренесува Слободен Печат.
Tој испукал еден куршум во воздух, а потоа се обидел физички да го нападне синот. Но, тој му ја одземал пушката и физички го нападнал Р.Н.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.
Извор на веста: Sloboden Pecat
Можеби ќе ве интересира: