Денеска специјалците од полициската единица Тигри во реката Вардар околу 12.20 часот во близина на мостот кај с.Кочилари го пронајдоа и извадија телото на жената што се фрли во реката кај Велес.
55-годишната жена која после полноќ на 31 декември се фрли од Малото Мовче во реката Вардар во Велес, а во 2 часот по полноќ, 62-годишниот Д.М од Скопје пријавил во СВР Велес дека од домот се оддалечила неговата 55-годишна сестра М.К од велешкото село Сојаклари.
Од полицијата потврдуваат дека е извадено женско тело од реката Вардар и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира: