Пеејќи ја песната „Вечниот бог“ над 100 деца Велес денеска го навестија Христовото раѓање. Бадниковата поворка тргна од храмот „Св. Кирил и Методиј“ до Општина Велес, каде децата беа пречекани и дарувани со бадникови пакетчиња и од градоначалникот г-дин Марко Колев.
Претходно свештеници од градот Велес отслужија Вечерна со Света Василиева Литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Велес, на која присуствуваше и Митрополитот Повардарски г. Агатангел. По завршувањето на Литургијата Митрополитот Агатангел ги даруваше дечињата кои беа собрани во црквата со бадникови пакетчиња и примерок од „Библијата за млади читатели“, а беа поделени и Бадниковите гранчиња.
Содржината продолжува по рекламите:
Денеска во периодот од 10 до 12 часот Бадникови поворки се организираа во 62 града во државата.
Можеби ќе ве интересира: