Дизелот се намалува за денар, цената на бензините не се менува

benziska pumpa
benziska pumpa

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,04 % во однос на одлуката од 3.1.2023 година.

Zito akcija 640x289px

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат.

Содржината продолжува по рекламите:

Agria

Од 10.1.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,00 (денари/литар), Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,00 (денари/литар), Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар), Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 79,50 (денари/литар), Мазут М-1 НС 39,283 (денари/килограм).

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: