Поради високи сметки за струја, општина Велес го редуцира уличното осветлување

Veles noke
Veles noke

Општина Велес поради високите сметки на електрична струја веќе неколку месеци го редуцира уличното осветлување низ главните, но и сите споредни улици и околината.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Граѓаните реагираат дека поради редуцирањето на улично осветлување, намалена е видливоста на возилата и на пешаците во попладневните и вечерни часови. Градоначалникот на Велес, Марко Колев потврди дека имало редуцирано осветлување заради заштеда на електрична енергија и пред новодишните празници, пренесува pres 24.mk

Текстот продолжува под рекламата

Agria

На обраќање на МИА до СВР Велес за бројните поплаки од возачите и пешаците за намаленото улично осветлување низ велешките улици, портпаролот на СВР Велес Ристе Самарџиев информира дека СВР Велес веќе се обратил до локалната власт за решавање на овој проблем.

„По бројните реакции од граѓаните во врска со намаленото улично осветлување што како последица доведе до отежнато одвивање на сообраќајот заради намалена видливост, а посебно за движењето на пешаците низ велешките улици, СВР Велес стапи во контакт со локалната власт. Целта  е да се разреши проблемот со  таканаречените „Црни точки“ на осветлувањето низ велешките улици“ и  заеднички да изнајдеме решение за надминување на проблемот. Ние имаме најави и  очекуваме дека овој проблем наскоро ќе биде решен во интерес на граѓаните“, изјави Самарџиев.

Од локалната власт за сега нема одговор како ќе се надминат таканаречените „црни точки“ низ велешките улици, а посебно на оние главните.

Извор на веста: pres24.mk

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: