Второто полугодие од школската година наместо на 18 јануари ќе започне на 23 јануари, одлучи Владата на денешната седница.
Текстот продолжува под рекламата
На седницата се одлучувало по предлог на Министерството за образование и наука да се продолжи зимскиот распуст. Ваквата одлука е донесена за да се заштеди на греење и за да заштити здравјето на децата.
Текстот продолжува под рекламата
Во изминатиот период грипот и сезонските настинки ги полнат детските болници и амбуланти. Училиштата, пак, од 1 декември користат поевтина струја, откако со владина одлука се вратија на регулиран пазар на струја. Но од вкупно 474 јавни основни и средни училишта, за снабдување со субвенционирана електрична енергија преку ЕСМ Продажба се пријавиле 309 училишта, а третина од училиштата или воопшто не аплицирале, или имале нецелосна апликација.
Можеби ќе ве интересира: